„Можеме да нарачаме текст каде сакате, во каков сакате портал и сешто да пишува.“ Тоа што народот го знае, тоа што СДСМ го говори, Христијан Мицкоски го потврдува. Јавно. На телевизија. „Не знам што не е добро тука“, вели Мицкоски. Со години предупредуваме за медиумскиот октопод што работи во корист на Мицкоски, за влијанието на Орбан врз 40 проценти од медиумите, како и за медиумите на Вучиќ во Македонија кои работат за организираната криминална група“, велат од СДСМ.
„Предупредуваме за црните кампањи против претседателот Филипче и за нарачките што ги спроведува началникот Латас за оцрнување на СДСМ и на неистомислениците на власта.
Сега самиот Мицкоски пред камерите призна дека тој е нарачателот. Како уредник на жолтиот печат.
Затоа во извештајот на Европската комисија јасно се посочува на притисокот врз медиумите и на заробеното судство“, се наведува во соопштението на СДСМ.








