Општина Аеродром повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година преку своите предлози и идеи, со цел буџетот да ги одразува потребите на сите локални населби.
Општина Аеродром ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот за 2027 година, со свои идеи, предлози и иницијативи.
„Сакаме да ги слушнеме вашите потреби и приоритети, затоа што буџетот треба да ги одразува потребите на граѓаните и на сите населби во општината“, вели градоначалникот Дејан Митески.
Тој ги покани жителите на отворен ден, в сабота, 28 ноември, од 10:00 до 14:00 часот, во салата на Советот на Општина Аеродром, каде што ќе можат да ги споделат своите идеи.








