[ВИДЕО/ФОТО] Маск за Хуанг: Вистинските пријатели се оние што те поддржуваат кога работите тргнуваат на лошо

Макфакс

24/11/2026

16:05

690

Големина на фонт

а а а

Илон Маск, првиот човек на „Тесла“ и „Спејс-икс“ (SpaceX), повторно јавно му даде поддршка на својот пријател Џенсен Хуанг, откако Управниот одбор на „Нвидиа“ (Nvidia) едногласно одлучи да го врати на позицијата извршен директор.

 Притоа, Маск упати критики кон оние што не му пружиле на Хуанг подеднакво силна поддршка.

По веста за враќањето на основачот на чело на „Нвидиа“, Маск објави кратка порака на платформата „Икс“: „Готово е“. Подоцна додаде: „Грешката е поправена“.

Во една од следните објави на „Икс“ – како одговор на напис за неговата поддршка за Хуанг – Маск напиша: „Сите ти се пријатели кога работите одат добро, но вистинските пријатели се оние што остануваат покрај тебе кога работите ќе тргнат на лошо“.

„Пријателите што се тука само во добрите времиња не вредат ништо“, додаде Маск.