Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Макфакс

23/11/2026

15:10

133

Големина на фонт

а а а

Вакцинацијата против сезонскиот грип во Македонија продолжува со над 28.000 вакцинирани лица и голем број пријавени преку електронската платформа „Мој термин“. Министерството за здравство ги поттикнува ризичните групи да се вакцинираат и да ги откажат термините доколку не можат да присуствуваат.

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто.

Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата.

Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат.

Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.