Приведен 31-годишник од Челопек за издржување затворска казна од една година

Макфакс

23/11/2026

10:30

135

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од Тетово привеле 31-годишник од Челопек врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за кривично дело според член 386 став 1 од Кривичниот законик.

Вчера во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле 31-годишниот М.Б. од село Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната, соопшти МВР.