13-годишник тешко повреден при пад од електричен тротинет во училишен двор во Форино

Макфакс

21/11/2026

17:40

128

Големина на фонт

а а а

Тринаесетгодишно момче од селото Форино во Гостивар е тешко повредено откако паднало од електричен тротинет во училишниот двор. Повредениот е пренесен на лекување во Скопје, а полицијата изврши увид.

Тринаесетгодишно момче од гостиварското село Форино е тешко повредено откако изгубило контрола над електричен тротинет и паднало на асфалтот во дворот на основното училиште во селото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20 ноември, во 15:15 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Момчето со тешки телесни повреди било пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му била укажана лекарска помош. Потоа било транспортирано во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Полициска екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото на несреќата.