Нов случај на врсничко насилство: Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче и снимале со мобилен телефон

Макфакс

20/11/2026

14:20

268

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Центар приведе две малолетнички кои физички нападнале друго девојче и ја снимале со мобилен телефон. Случајот е во фаза на целосно документирање од МВР.

Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие нападнале друго девојче и снимале со мобилен телефон.

Според информациите на МВР, вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, а другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.