Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово одбележува 25 години

Точка

20/11/2026

12:00

163

Големина на фонт

а а а

Свеченоста по повод јубилејот е закажана за 12 часот во амфитеатарот „Алајдин Абази“ на тетовскиот кампус.

Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) денеска, 20 ноември, одбележува 25 години од основањето. Според објавената најава, свеченоста е закажана за 12 часот во амфитеатарот ЛХ2 „Алајдин Абази“ на кампусот во Тетово.

Првата генерација на универзитетот броела 900 студенти. Во октомври 2002 година бројот се зголемил на 2.250, а една година подоцна на 3.700, според историјатот на установата.

Шарената џамија во Тетово во 1930-тите, архивска фотографија

Шарената џамија во Тетово во 1930-тите, архивска фотографија. Фото: Државен архив / Wikimedia Commons (извор). Кавер: Salome mi / Wikimedia Commons (извор, CC BY-SA 4.0).

Иницијативата за основање на универзитетот произлегла од разговори што во 2000 година ги поттикнал високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства. Изградбата на кампусот почнала во март 2001 година. Универзитетот се развивал како повеќејазична високообразовна установа.