Новиот меѓуопштински одбор ќе ги координира инвестициите и ќе следи како се спроведуваат мерките за собирање и селекција на отпадот во Скопскиот плански регион.
Скопскиот плански регион доби меѓуопштински одбор за управување со отпадот. Телото се конституираше на 19 ноември во рамки на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, соопшти Општина Карпош.
За претседавач е избран градоначалникот на Илинден, Александар Ѓорѓиевски. Карпош во одборот ќе го претставува Јованче Цветаноски, кого го овластил градоначалникот Сотир Лукровски. На првата седница е усвоен и деловникот за работа.

Скопје со Кисела Вода во преден план. Фото: kallerna / Wikimedia Commons (оригинал, CC BY-SA 4.0, намалена фотографија)
Одборот ќе предлага и координира заеднички инвестиции и ќе следи како општините ги спроведуваат мерките за управување со отпадот. Меѓу задачите се подобра координација при отстранувањето и селекцијата на отпадот и планирање регионални решенија.
Кавер: Nemanjam / Wikimedia Commons (јавен домен)








