Финансирањето на квалитетната грижа и образование во раното детство е во фокусот на новиот глобален извештај што денеска ќе биде претставен во Париз.
Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска, на Светскиот ден на детето, ќе биде претставено второто издание на Глобалниот извештај за грижа и образование во раното детство. Документот заеднички го објавуваат УНЕСКО, УНИЦЕФ и ОЕЦД.

Дрвена играчка за препознавање форми, илустрација. Фото: Mvolz / Wikimedia Commons, CC0.
Во фокусот е прашањето како јавните вложувања можат да го прошират пристапот до квалитетни услуги. Извештајот се надоврзува на првото издание од 2024 година и на обврските што земјите ги презедоа со декларацијата од Ташкент во 2022 година.
На претставувањето ќе учествуваат претставници на влади, локални власти, меѓународни организации и истражувачи. Предвидено е да разговараат за наодите, препораките и начините за финансирање на услугите за најмладите.








