Погодена амбасадата на Холандија во руски напад во Киев

Макфакс

19/11/2026

18:40

266

Големина на фонт

а а а

Руски напад со беспилотни летала предизвика оштетување на Холандската амбасада во Киев, со една загината и неколку повредени. Министерствата за надворешни работи на Холандија и Украина ја осудија акцијата, додека деталите се уште се истражуваат.

Холандската амбасада претрпе оштетувања за време на руски напад со беспилотни летала врз Киев. Проектил паднал зад зградата, при што се искршиле прозорци, а биле оштетени и автомобили, како и чуварска куќичка. Вработените во амбасадата не се повредени. Во нападот врз градот загина едно лице, а четворица се повредени.

Холандскиот министер за надворешни работи, Том Берендсен, изјави дека проектил удрил во просторот зад амбасадата. Тој наведе дека зградата претрпела помали оштетувања, дека вработените се безбедни и дека Министерството ги истражува точните околности на инцидентот.

С