Советот на ЕУ денеска ја одобри регулативата од пакетот „Омнибус VI“, која опфаќа хемикалии, козметички производи и ѓубрива.
Советот на ЕУ денеска даде конечно одобрение за поедноставување на правилата за хемикалии, козметички производи и ѓубрива. Регулативата е дел од пакетот „Омнибус VI“.
Со новите измени рокот за примена на ревидираните правила за класификација, означување и пакување хемикалии се поместува од 1 јануари 2028 на 1 јануари 2030 година, за усогласување на примената на трите опфатени регулативи.

Како што соопшти Советот, промените треба да ги намалат обврските за известување, дуплирањето на барањата и административните трошоци за компаниите.
Предвидени се поедноставни барања за форматот на етикетите, огласувањето и продажбата на хемикалии на далечина. Кај козметиката се задржуваат заштитните механизми за наноматеријалите и постепеното повлекување на одредени опасни супстанции, со простор за барање побезбедни замени.
Регулативата треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ до крајот на 2026 година и ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето.








