Скопјанец е приведен по пријава дека вознемирувал 23-годишна девојка, телефонски и се јавувал, испраќал пораки, ја следел и тропал на нејзината врата во Карпош.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 20 часот, на подрачјето на Карпош, привеле 32-годишен скопјанец по пријава дека вознемирувал 23-годишна жена.
Според информациите од МВР, приведениот Г.С. телефонски ѝ се јавувал на девојката, ѝ испраќал пораки, ја следел пред нејзиниот дом и тропал на влезната врата.
Полицијата постапила по претходна пријава од 23-годишната жена, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








