Во основно училиште во Скопје, малолетен ученик бил нападнат од врсници во училишниот тоалет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот по пријава на мајката.
Триесет и тригодишна скопјанка пријавила во полицијата дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници во тоалет на основно училиште во Радишани, соопшти МВР.
Според пријавата, нападот се случил на 18 ноември околу 17 часот, а мајката го пријавила случајот истиот ден во 23:10 часот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.








