Илон Маск: Има премногу од тој наратив „Украина е добра, Русија е лоша“

Макфакс

19/11/2026

08:20

124

Големина на фонт

а а а

Илон Маск истакна дека постои премногу поедноставен наратив за конфликтот во Украина, повикувајќи на емпатија и кон руските војници кои биле мобилизирани. Тој повтори и некои контроверзни ставови за државниот удар во Украина и агресијата во конфликтот.

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, изјави дека руските војници кои се борат во Украина заслужуваат повеќе сочувство, тврдејќи дека многумина од нив биле мобилизирани и присилно испратени на фронтот.

„Треба да имате емпатија не само кон младите Украинци кои ги губат животите, туку и кон Русите, бидејќи и тие биле мобилизирани и принудени да одат на фронтот“, рече Маск вчера во интервју на настан организиран од „Њујорк тајмс“.

„Премногу е застапен наративот ’добра Украина, лоша Русија‘“

Тој упати критики кон она што го нарече премногу поедноставен поглед на конфликтот. „Мислам дека премногу се провлекува наративот: Украина е добра, Русија е лоша. Сè што им се прави на Русите е оправдано. Тоа е нехуман и ужасен став“, рече Маск, додавајќи: „Тешко ми е да одредам што е правилно да се направи“.

Ја повтори руската невистина за „американскиот државен удар“ од 2014 година

Притоа, Маск ги повтори и некои од руските оправдувања за инвазијата започната во февруари 2022 година. „Вистината е дека, во однос на инвазијата, Русија е агресорот; но исто така е точно дека ние, Американците, извршивме државен удар за да го собориме демократски избраниот, проруски претседател на Украина“, тврдеше тој.