Денес во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено пообилни во западните региони. Ќе дува засилен ветер, а температурите ќе се движат до 22 степени. За време на наредните денови ќе преовладува релативно топло време со локални врнежи и јужно воздушно струење.
Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).








