Славната пејачка се најде на мета на мета на критики од незадоволни обожаватели поради лимитираното издание на балсам украсен со кристали, но и поради промотивното видео создадено со помош на вештачка интелигенција.
Славната пејачка и актерка Џенифер Лопез се најде на мета на критики од своите обожаватели откако претстави ново, лимитирано издание на балсам за усни по цена од 150 долари. Покрај високата цена, јавноста особено ја налути промотивното видео создадено со помош на вештачка интелигенција.
Вртоглава цена за балсам украсен со кристали
Нејзиниот козметички бренд „JLO Beauty“ уште во 2023 година го лансирал балсамот „Beso Balm“, кој чинел 19 долари. Меѓутоа, пејачката сега, во соработка со брендот за накит „Сваровски“, претстави нова верзија, чии капачиња се украсени со кристали.
Балсамите доаѓаат во три мириси инспирирани од нејзината кариера – јаболко, цреша и кокос, а секој се продава по цена од 150 долари (моментално намалена на 120 долари), додека комплетот од сите три чини 225 долари.
Многумина на социјалните мрежи истакнаа дека кристалите на капачето во никој случај не го оправдуваат поскапувањето од дури 131 долар.
Особено им пречи тоа што во заднина на рекламата се слуша нејзиниот хит „Jenny from the Block“, во кој пее за тоа како останала приземна и покрај богатството, што обожавателите го оценија како целосно одвоено од реалноста.
Остри реакции поради рекламата создадена со вештачка интелигенција
Дополнителен бран незадоволство предизвика самото промотивно видео, кое на Инстаграм е означено како содржина генерирана со вештачка интелигенција.
Во видеото се прикажуваат вештачки создадени цреши кои се тркалаат по подот на метрото, кокосови ореви на сончеви улици, јаболка на влажен њујоршки тротоар, како и колибри украсено со скапоцени камења, кое лебди над балсамот.
Корисниците во коментарите не ја штедеа ниту пејачката ниту нејзиниот маркетинг-тим, нарекувајќи ја кампањата бесмислена. Тие ѝ порачаа дека со толкаво богатство може да си дозволи да ангажира вистински уметници и да сними вистинска реклама.













