Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Макфакс

17/11/2026

21:10

310

Големина на фонт

а а а

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина.

Стаб изјави за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ дека е неодговорно задачата за преговори за мир во Украина да им се довери на Соединетите Американски Држави.

„Предолго го оставивме европскиот ангажман со Русија на други, мислам дека тоа беше неодговорно“, рече Стаб.

„Сега кога ја имаме рамката (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да контактираат со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.