Тешко повреден 78-годишник, бил удрен од автомобил во Скопје

Макфакс

17/11/2026

16:40

82

Големина на фонт

а а а

Седумдесет и осумгодишен пешак е тешко повреден кога бил удрен од автомобил во Скопје. Несреќата се случила на улицата „Јустинијан Први“, а повредениот е пренесен во Ургентниот центар на клиниките „Мајка Тереза“. На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата.

Седумдесет и осумгодишен пешак е тешко повреден откако вчера бил удрен од автомобил на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена на 16 ноември во 16:35 часот, кога патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (44) од Крушево, удрило во Б.С. (78) од селото Студеничани, Скопско.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.