УЕФА на 20 ноември во Нион ќе ги извлече четвртфиналните и бараж-двoјките, а завршницата продолжува во март 2027 година.
Ждрепката за нокаут-фазата и баражите во Лигата на нации ќе се одржи в петок, 20 ноември, од 12:00 часот по скопско време во Нион, Швајцарија. УЕФА го потврди терминот на официјалната страница за ждрепката.
Во четвртфиналето од Лига А учествуваат осум репрезентации: четирите победници и четирите второпласирани селекции од групите. Тие ќе бидат поделени според пласманот во групната фаза.

Седиштето на УЕФА во Нион, јули 2016 – архивска фотографија. Фото: Alexey M. / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0. Каверот е од истата архивска серија.
Нема повторување на групните дуели
Според член 17 од правилникот, победниците на групите се носители и се извлекуваат против второпласирана селекција од друга група. Тоа значи дека две репрезентации од иста група не можат повторно да се сретнат во четвртфиналето.
Двомечите ќе почнат на теренот на второпласираните, а носителите ќе го играат реваншот дома. Победникот се одредува според вкупниот резултат од двата натпревара.
Четвртфиналињата и баражите меѓу Лига А и Б, односно Б и Ц, се предвидени во март 2027 година. Завршниот турнир со четири репрезентации е закажан за 9–13 јуни 2027 година.












