Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Макфакс

17/11/2026

14:00

92

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Битола и други општински и проектни претставници го објавија планот за изградба на автопатот Прилеп-Битола, при што првите 12 километри од автопатот се очекува да бидат пуштени во функција во 2027 година.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за изградба на автопатот Прилеп-Битола, а на која присуствуваше и помошник раководителот на секторот за економски развој на Општина Битола Венцо Шишкин.

Гостите, новиот проектен менаџер на „Бехтел и Енка“ Ашвин Рао, заменик раководителот Џанберк Атилла и менаџерот за одржливост Винсент Нугареде информираа за динамиката на изградба на автопатските делници.

Едната делницата во должина од 12 километри ќе биде пуштена за сообраќај во 2027 година, кога и ќе се работи на делницата пред Битола, со што до крајот на 2028 година вкупно ќе бидат асфалтирани 28 километри автопат, а преостанатиот дел ќе биде ставен во функција последен, тоа е делот кон Прилеп каде на терен треба претходно да се решат одредени состојби со експропријација и дислоцирање на постоечка инфраструктура.

Исто така беше кажано дека ќе бидат организирани и саеми за вработување во Битола и Прилеп, односно ангажирање на лица за потребите на проектот.