Пијан возач од Охрид изгубил контрола со четирицикл и излетал од коловозот. По алкотестирањето му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а против него ќе биде поднесена пријава.
Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Како што информираат од МВР, инцидентот се случил на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов“ во Охрид.
При извршениот увид и алкотестирањето било утврдено дека И.Г. (41) имал 2,22 промили алкохол во крвта.
Четирициклот со охридски регистарски ознаки бил одземен, а по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.








