[ВИДЕО] Борозан: Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Алта банка двојно поевтино

Макфакс

17/11/2026

11:50

174

Големина на фонт

а а а

Во текстот се изнесуваат обвинувања од страна на Маја Борозан од СДСМ кон Мицкоски и Славески за нивно учество во продажба на Алта банка по пониска цена, со цел да се прикријат финансиски криминали и да се загрози банкарскиот систем во земјата.

Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Алта банка двојно поевтино, само за да ги прикријат сметките и трансакциите, рече Маја Борозан од СДСМ.

„Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа криминалната Алта банка во Македонија. Сега народот не може да дојде до своите пари, пензионерите не можат до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем“, рече таа.

Таа вели дека СДСМ поднело кривични пријави за кои Обвинителството се уште молчи.

„Прашањето е дали намерно се остава време и простор за некој да го заташка случајот? Сега истите тие кои ја донесоа Алта банка во Македонија најавуваат продажба. На берза. Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Мицкоски и Славески планираат да ја дадат обезвреднето само за да ги прикријат сметките и трансакциите. По модел, прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел. Да потсетиме: за паниката е виновен гувернерот Славески, тој ја создаде. По само еден ден од одземањето на дозволата на банката во Белград, Народната банка на Македонија изјави дека сè е во ред, а веќе следниот ден воведоа присилна управа. Ова предизвика паника кај граѓаните. По објавите дека банката служела за перење пари и по изнесувањето на податоците за сопственикот што е во притвор, Славески и Мицкоски поднесоа кривични пријави против СДСМ – за ширење на паниката што самите ја направија“, рече Борозан.

Таа обвини дека Алта банка е јадрото на криминалниот октопод на Вучиќ, во кој Христијан Мицкоски и ВМРО се еден од краците. „Мацура е нивниот личен банкар. Затоа се брзаат. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара“, рече Борозан.