Делови од општините Центар, Ѓорче Петров и Илинден денеска без струја

Макфакс

17/11/2026

06:40

215

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија известува за планирани прекини на електричната енергија во делови од општините Центар, Ѓорче Петров и Илинден, со точни временски периоди кога корисниците ќе останат без струја.

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, ќе останат потрошувачите од патот кон фармите во Јурумлери и улицата 27 во Илинден, како и околните фирми на улицата 27, општина Илинден;

· во периодот од 09:00 до 16:00 часот, Потрошувачите во Петровец, кај училиштето и кај поштата, Еуроиталиај, село Ржaничино, Радио Фар Ржаничино, Иванов Ржаничино и Маклаб Ржаничино, општина Илинден;

· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од улицата Анастас Коцарев, општина Ѓорче Петров;

· во периодот од 12:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата 11-ти Октомври бр. 46 ќе бидат без електрична енергија, општина Центар.