Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир

Макфакс

16/11/2026

15:50

130

Големина на фонт

а а а

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска додели уверенија на 81 нов шумски полицаец и еден заменик-командир, со цел засилување на шумската полиција пред грејната сезона и поголемите контроли против бесправната сеча и нелегален превоз на дърва.

На свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија за завршена шестмесечна обука на 81 шумски полицаец и на еден заменик-командир.

Министерот Борче Серафимовски посочи дека засилувањето на Шумската полиција со нови човечки ресурси доаѓа на почетокот на грејната сезона, кога се очекува поголем притисок врз шумите.

Тој истакна дека со вклучувањето на новите полицајци, Шумската полиција ќе може да спроведува повеќе контроли за да ја спречи бесправната сеча и да открива случаи на превоз и продажба на дрва од незаконско потекло.

„Законот треба да важи подеднакво за секого, без оглед на името или функцијата. Држете се до фактите и постапувајте во рамките на своите законски овластувања. Ја имате целосната моја поддршка во борбата против криминалот со нашето шумско богатство“, им порача министерот Серафимовски на новите припадници на Шумската полиција.