Хрватскиот премиер ќе разговара за конкурентноста, одбраната и проширувањето на ЕУ, а вечерва треба да прими признание од „Л’Експрес“.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска, 16 ноември, е најавен во Париз, каде што ќе учествува на годишната конференција на францускиот неделник „Л’Експрес“. Според најавата на хрватската Влада, посетата вклучува разговор за иднината на Европската Унија и вечерна церемонија за доделување признанија.
Во 16:50 часот Пленковиќ треба да разговара со Шарл Аке, уредник на рубриката „Свет“ во „Л’Експрес“. На дневен ред се конкурентноста на ЕУ, одбраната и политиката на проширување.

Разговорот е најавен во театарот „Марињи“ во Париз и ќе се води на француски јазик. Наведените термини се исти и по скопско време.
За 20:00 часот е предвидена свеченоста на која на хрватскиот премиер треба да му биде врачено признание од неделникот, во рамките на четвртото издание на конференцијата.








