Во Неготино и неготинско се извршени претреси во домови на двајца лица кај кои била пронајдена дрога, по што тие биле уапсени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода 45-годишниот Д.Д. од село Дуброво, неготинско и 26-годишниот Б.М. од Неготино, извести МВР.
По издадени судски наредби од Основен суд Кавадарци, биле извршени претреси во нивните домови и помошни простории, при што во домот на Д.Д. била пронајдена и одземена марихуана, а во домот на Б.М. биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, пари и ризли.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.








