Папата Лав XIV одржа миса на надморска височина од 3.700 метри во древниот град Куско во Перу, повикувајќи на зачувување и пренесување на традициите на помладите генерации, и покрај својата неодамнешна операција.
Папата Лав XIV вчера служеше миса на надморска височина од 3.700 метри во перуанскиот град Куско, на древниот локалитет на Инките – мегалитската тврдина Саксајхуаман. На мисата присуствуваа десетици илјади луѓе, од кои многумина допатуваа од многу оддалечени краишта.
За време на мисата, Светиот Отец повика на зачувување и пренесување на традициите, нагласувајќи ја важноста од вклучување на помладите генерации.
„Секоја генерација добива наследство и има одговорност да го пренесе понатаму – збогатено и обновено“, рече Лав.
Тој истакна дека иднината на обичаите не лежи само во зачувувањето на она што е наследено, туку и во неговото пренесување на другите додека сме сè уште живи.
По операцијата на пулмонален аденокарцином пред еден месец, постоеше загриженост дека разредениот планински воздух би можел негативно да влијае врз 71-годишниот папа. Сепак, Светиот Отец ја отслужи целата миса без никакви видливи тешкотии.








