Експлозии во Ормускиот теснец: Иран тврди дека се запалиле шест танкери

Макфакс

16/11/2026

07:10

153

Големина на фонт

а а а

Иранската револуционерна гарда соопшти за експлозии во Ормускиот теснец, каде два танкера настанале на мини, а шест други танкери се запалиле во текот на последните денови. Овој теснец претставува стратешки важен воден пат.

Два нафтени танкера налетале на мини во Ормускиот теснец, предизвикувајќи експлозии, соопшти во понеделникот Иранската револуционерна гарда, а пренесоа државните медиуми.

Во соопштението на Револуционерната гарда се додава дека шест танкери се запалиле за време на слични инциденти во овој стратешки воден пат во текот на неделата и понеделникот.