Пронајдена марихуана при претрес во дом во Радовиш, приведен 29-годишник

Макфакс

15/11/2026

18:40

19

Големина на фонт

а а а

Полиција од Радовиш уапси 29-годишен маж откако при претрес во неговиот дом пронашле и одзеле марихуана и други предмети со остатоци од дрога. За случајот е известен јавен обвинител и ќе се поднесе соодветна пријава.

Полицијата лишила од слобода 29-годишен жител на Радовиш, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана.

Претресот бил извршен на 14 ноември со судска наредба, а полициските службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш пронашле и одзеле марихуана и предмети со остатоци од оваа дрога.

За случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.