Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Макфакс

14/11/2026

18:40

69

Големина на фонт

а а а

При претрес во селото Казандол, валандовско, е пронајден пиштол и ловечка муниција без дозвола, а 43-годишниот сопственик е уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од слобода.

Од МВР информираат дека претресот бил извршен на 12 ноември со судска наредба. Во домот на Ш.Е. полицијата пронашла пиштол „Blow“ со калибар од 9 милиметри и ловечка муниција, за кои немал дозвола.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.