[ВИДЕО/ФОТО] Ново опремено амбулантно возило за болницата во Гевгелија

Точка

14/11/2026

13:38

112

Големина на фонт

а а а

Возилото е обезбедено преку прекуграничната соработка со Грција и е наменето за згрижување пациенти и медицински транспорт.

Општата болница во Гевгелија доби ново целосно опремено амбулантно возило, обезбедено преку Програмата за прекугранична соработка со Грција, во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Општина Гевгелија ја објави информацијата на 13 ноември. Локалниот портал „Гевгелијанет“ извести за примопредавањето на 12 ноември.

Примопредавање на амбулантното возило за гевгелиската болница. Фото: Општина Гевгелија. Каверот е од истата примопредавачка церемонија.

Возилото располага со медицинска опрема за згрижување и следење на состојбата на пациентите. Наменето е за итни и други медицински транспорти, со цел подобри услови и за пациентите и за персоналот.

Приказ на медицинската опрема во возилото, објавен од „Гевгелијанет“ на 12 ноември.

Општината наведува дека прекуграничните партнерства обезбедиле и два дефибрилатори и нов ЕКГ-апарат за потребите на здравствените установи и јавните локации.