Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, уапсени две лица поради сомнение за незаконит лов

Макфакс

13/11/2026

13:30

220

Големина на фонт

а а а

Две лица од демиркаписко се уапсени поради сомнение за незаконит лов. При претресите во нивните домови полицијата пронајде ловечко оружје, ловечки патрони и месо од дивеч, по пријава од локалното ловечко друштво.

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М. (66) и Т.М. (76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање.

По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.