Отворена нова детска градинка во Инџиково

Макфакс

13/11/2026

13:30

184

Големина на фонт

а а а

Во општина Гази Баба е отворена нова детска градинка во Инџиково, со капацитет за 50 деца и инвестиција од 47,5 милиони денари. Градоначалникот потенцира дека ова е втора нова градинка по Трубарево и најавува изградба на третата.

Пуштена е во употреба новата детска градинка во Инџиково, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Нова детска градинка во Инџиково

„Со особена гордост ја отворивме новата детска градинка во Инџиково, современ објект со површина од 490 квадратни метри и капацитет за згрижување на 50 дечиња. Инвестиција вредна 47,5 милиони денари, обезбедени од првиот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни објекти, со современи услови, три занимални, мултифункционален простор и енергетски ефикасен систем за греење преку топлотни пумпи“, објави градоначалникот.

Градоначалникот истакна

Тој потсети дека ова е втора нова детска градинка во Општина Гази Баба, по градинката во Трубарево, а веќе интензивно се работи и на изградбата на третата градинка, помеѓу Маџари и Керамидница.