100% ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв семеен дом за млади брачни парови и самохрани родители

Макфакс

13/11/2026

10:20

259

Големина на фонт

а а а

Општина Ѓорче Петров донесе одлука за 100% ослободување од општинскиот дел од комуналии за изградба на прв семеен дом за млади брачни парови и самохрани родители, со цел поддршка на младите семејства во остварување на сопствен дом.

Знам колку труд, откажувања и заштеди стојат зад желбата да се изгради сопствен дом. Затоа советот на општина Ѓорче Петров донесе одлука со која ќе им помогнеме на младите семејства полесно да го направат овој важен животен чекор, извести градоначалникот Александар Стојкоски.

100% ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв семеен дом за млади брачни парови и самохрани родители

Одлуката важи за:

Брачни парови кај кои најмалку едниот сопружник е на возраст до 40 години, како и самохрани родители на истата возраст.

Изградба на прва семејна куќа за сопствено домување, со една станбена единица и вкупна бруто површина до 120 м².

Семејства во кои ниту еден од сопружниците, односно самохраниот родител, нема друга станбена недвижност во сопственост или сосопственост.

Поддршката ја предвидуваме за целата територија на Ѓорче Петров – и во урбаниот и во руралниот дел.

Како градоначалник, сакам младите тука да ја гледаат својата иднина, да создаваат семејства и да градат сопствен дом. Да им го олесниме почетокот. Да им дадеме причина повеќе иднината да ја градат во Ѓорче!“, соопшти Стојкоски.