Претрес во валандовско, пронајдени ловечко оружје и муниција: уапсен 56-годишен маж

Макфакс

13/11/2026

10:20

215

Големина на фонт

а а а

Во село Прстен, Валандовско, полициски службеници лишија од слобода 56-годишен маж по извршен претрес во неговиот дом каде беа пронајдени ловечко оружје и муниција без дозвола. Случајот е предаден на јавното обвинителство.

Вчера во село Прстен, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода 56-годишниот А.А. од селото, извести МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.