Иран: Танкер за гас налета на мина во Ормускиот теснец

Макфакс

13/11/2026

09:20

213

Големина на фонт

а а а

Иранската револуционерна гарда соопшти дека танкер кој превезувал течен гас налета на мина и предизвика експлозија во Ормускиот теснец. Нападите врз танкери продолжуваат, со голем број напади пријавени во последните месеци и зголемени тензии во регионот.

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда соопшти дека танкер што превезувал течен природен гас удрил во поморска мина, по што дошло до експлозија во Ормускиот теснец. Според државните медиуми, бродот се движел по, како што наведоа, „неовластена и опасна рута“.

Во моментов нема достапни информации за самиот танкер.

Напади врз танкери


Иранските медиуми во четвртокот објавија дека четири танкери за нафта биле погодени од експлозии во овој премин, кој е од клучно значење за глобалниот поморски сообраќај. Тие додадоа дека пловилата ги игнорирале предупредувањата и навлегле во зони што Иран ги смета за забранети.

Нападите врз танкерите во теснецот продолжуваат, и покрај заживувањето на поморскиот сообраќај и очекувањата за намалување на тензиите меѓу САД, Израел и Иран – тренд што придонесе и за пад на цените на нафтата.

Според податоците на Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток, во текот на првите десет дена од ноември биле нападнати најмалку десет пловила. Ова следува по 37 напади во октомври – што претставува најголем број нападите во еден месец откако започна конфликтот кон крајот на февруари.