Без струја денеска делови од општините Илинден, Кисела Вода, Гази Баба и Сопиште

Макфакс

13/11/2026

06:50

299

Големина на фонт

а а а

Поради планирани технички интервенции денеска повеќе делови од општините Илинден, Кисела Вода, Гази Баба и Сопиште ќе останат без електрична енергија, во различни временски периоди.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради планирани технички интервенции денеска без електрична енергија ќе останат:

· Во период од 08,00ч до 15,30ч корисниците од патот кон фарми Јурумлери и улицата 27 Илинден, општина Илинден;

· Во период од 08,30ч до 16,30ч корисниците на улицата Народни Херои бр.19,21,23; ОУ Кирил Пејчиновиќ и улицата Архитект Никола Добровиќ бр 1-2, општина Кисела Вода;

· Во период од 09,00ч до 13,00ч корисниците во село Стајковци, општина Гази Баба;

· Во период од 09,00ч до 12,00ч корисниците на улицата 22, општина Сопиште.