Македонскиот народен театар го најавува премиера на претставата „Црно злато“ со актерска екипа и авторски тим, која ќе се изведува во ноември и декември 2026 година.
Македонскиот народен театар на 27 ноември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба е закажана за 26 ноември.
Во актерската екипа играат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.
Авторскиот тим го сочинуваат сценографот: Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански. Асистент на режисерот е Звездана Ангеловска, асистент на сценографот Мартин Манев, а асистент на костимографот Никола Булески.
Извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен, организатор е Тадеа Павловска, инспициент Александар Рајковски, а суфлер Мирослав Атанасовски.
Дизајнот на плакатот и програмскиот каталог е реализиран со креативна поддршка на партнерите Publicis Groupe. Македонскиот народен театар им упатува благодарност за професионалниот ангажман и соработка.
По премиерата, претставата ќе биде на репертоарот на МНТ и на 1, 4 и 29 декември, со почеток во 20.00 часот.
Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата на www.mnt.mk, како и на билетарницата на театарот, која работи секој работен ден од 13.00 до 20.00 часот.








