Во Санкт Петербург експлодира автомобил во кој се наоѓал руски полковник

Макфакс

12/11/2026

08:30

106

Големина на фонт

а а а

Во Санкт Петербург експлодира автомобил во кој бил руски полковник, при што тој загинал, а лице од неговото семејство е повредено. Сличен напад се случил и во август, кога бил убиен потполковник. Експлозиите се активирани од далечина, а официјален Киев не даде изјава, иако украинските служби претходно се поврзуваат со слични операции.

Утринава во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, се случи експлозија. Според Fontanka.ru, руски информативен портал со седиште во Санкт Петербург, во населбата Шушари, на автопатот Колпинское, експлодирал автомобил управуван од воен офицер.

На социјалните мрежи се појавија снимки од експлозијата.

Според нивниот извор, во експлозијата загинал полковник. Член на семејството кој бил во возилото со него преживеал, но се здобил со повреди.

Сличен напад се случи кон крајот на август.

Кон крајот на август, во блиската населба Славјанка, на идентичен начин загинал потполковник од Воено-воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана. Неговата сопруга, која во тој момент исто така била во возилото, ја преживеала експлозијата и била хоспитализирана, пренесува Fontanka.

Во двата случаи, експлозивната направа била активирана од далечина.

Киев молчи, но Украинците и претходно елиминирале голем број руски команданти.

За денешната експлозија во Санкт Петербург сè уште никој не презеде одговорност, а официјален Киев не даде никаква изјава.

Сепак, од почетокот на руската инвазија, украинските разузнавачки служби во неколку наврати користеле експлозивни направи активирани од далечина за елиминирање на високи руски офицери како длабоко на руско териоторија, така и во окупираните области притоа таргетирајќи ги оние што Киев ги обвинува за воени злосторства и напади врз цивили.