Ристовски на средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Макфакс

11/11/2026

14:00

251

Големина на фонт

а а а

Министерот за спорт Борко Ристовски се сретна со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски, и изрази поддршка за развојот на скијачките спортови преку соработка и визија за подобри услови во спортот.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.

На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.

Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.

На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.