Во Битола патничко возило удрило во 74-годишна жена која се здобила со тешки телесни повреди. Случајот е пријавен во СВР Битола и извршен е увид од надлежна екипа.
Во СВР Битола вчера во 11:47 часот било пријавено дека на ул. „Анести Пановски“ во Битола, патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот З.Б. од Битола, удрило во 74-годишната Ц.М. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.








