Поранешниот српски министер за економија Раде Баста е уапсен во Белград во рамки на голема полициска акција. Тој и други лица се осомничени за извлекување средства од јавното претпријатие „Белградски електрани“, што предизвикало значителна финансиска штета.
Раде Баста, поранешен министер и висок функционер на Српската напредна странка, денеска е уапсен во Белград, извести порталот.
Поранешниот министер за економија Раде Баста и уште неколку лица се уапсени денеска во голема полициска акција, спроведена по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Идентитетот и точниот број на другите приведени лица сè уште не се познати. Тие се осомничени за извлекување средства од јавното претпријатие „Белградски електрани“ во периодот кога Баста бил директор на ова претпријатие. Се наведува дека тие ѝ нанеле штета на компанијата во износ од десетици милиони динари.








