Во Скопје е уапсен 49-годишен маж откако во неговото возило биле пронајдени различни видови дрога, вклучувајќи бела прашкаста материја, таблети и марихуана.
Ноќеска во 02:25 часот на улицата „Таки Даскалот“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 49-годишниот Х.М. од Скопје.
При преземање службени дејствија, извршен е преглед на патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








