Бугарија денеска е во национална жалост по трагедијата на автопатот „Тракија“

Точка

11/11/2026

08:34

330

Големина на фонт

а а а

Знамињата на институциите се спуштаат на половина копје. Во Софија се откажани јавните културни и забавни настани организирани од општината.

Во Бугарија денеска, 11 ноември, е ден на национална жалост по двата верижни судара на автопатот „Тракија“ кај Јамбол. Националните знамиња на државните институции се спуштаат на половина копје, објави bTV.

Според утринскиот извештај на телевизијата, во несреќите загинале 11 луѓе, над 50 се повредени, а 13 се во тешка состојба. Во двата судара, во двете насоки на автопатот, учествувале вкупно 86 возила. Несреќите се случија вчера во услови на густа магла.

Бугарското знаме во Царевец, архивска фотографија

Бугарското знаме во Царевец, архивска фотографија · Фото: Todor Bozhinov / Wikimedia Commons · CC BY-SA 2.0

Градоначалникот на Софија Васил Терзиев ги откажа јавните културни и забавни настани организирани од општината. Денеска е предвидена и вонредна средба на експертската група за патна безбедност, на која треба да се разгледаат дополнителни мерки. Причините и одговорноста за несреќите се предмет на истрага.