Денеска без вода корисниците на улицата Џон Кенеди: намален притисок ќе има населбата Топанско Поле

Макфакс

11/11/2026

06:10

233

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација известува дека поради изведување на водоводен приклучок на улица Ферид Заири, денеска корисниците на дел од улицата Џон Кенеди ќе останат без вода, а населбата Топанско Поле ќе има намален притисок.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 мм.на улица Ферид Заири 12. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од Џон Кенеди, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.