Собослаи го истегнал коленото, Унгарија ќе чека до последен момент за настапот во Грузија

Точка

10/11/2026

20:40

249

Големина на фонт

а а а

Прегледите покажаа истегнување на коленото на капитенот на Унгарија. Собослаи остана со репрезентацијата и почна со рехабилитација пред последните два меча во Лигата на нации.

Доминик Собослаи останува со унгарската репрезентација откако прегледите покажале истегнување на коленото. Унгарската фудбалска федерација соопшти дека медицинскиот тим ќе работи со капитенот во следните денови, а одлуката за неговиот настап против Грузија најверојатно ќе падне во последен момент.

Фудбалерот на Ливерпул се повреди во неделата на првенствениот натпревар со Кристал Палас. На првиот тренинг во Телки во вторникот работеше на рехабилитација, како и Даниел Лукач. Милош Керкез и Бендегуз Бола тренираа одделно од групата според индивидуални програми.

Доминик Собослаи со соиграчите на Ливерпул

Доминик Собослаи со Вирџил ван Дајк и Рајан Гравенберх, архивска фотографија од јануари 2026. Фото: Timmy96 / Wikimedia Commons

Гостување во Тбилиси, па дуел со лидерот

Селекцијата на Марко Роси гостува во Тбилиси в сабота, на 14 ноември од 18:00 часот по скопско време. Унгарија го доби првиот меѓусебен дуел со 1:0, а три дена по реваншот ја пречекува Северна Ирска, непоразениот лидер во групата, од 20:45 часот во Будимпешта.

Извештај на М4 Спорт за наодот од прегледите.