Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека хуманитарните прашања и безбедносните гаранции биле на дневен ред на разговорите меѓу Украина, Русија и САД.
Володимир Зеленски ги соопшти првите детали за хуманитарните прашања што биле отворени на денешните разговори во Абу Даби. Пред студенти во Копенхаген тој рече дека делегациите разговарале за размена на воени заробеници и за враќање на украинските деца, пренесува „Гардијан“, повикувајќи се на Ројтерс.
Зеленски додаде дека на дневен ред биле и безбедносните гаранции за Украина. Во изјавата не соопшти дали делегациите постигнале договор за некое од овие прашања.

Володимир Зеленски на средба со американски и европски лидери во Вашингтон во август 2025 година, архивска фотографија. Фото: Белата куќа
Делегациите на Украина, Русија и САД ја завршија првата сесија по околу четири часа. Според украинската Служба за надворешно разузнавање, разговорите треба да продолжат на 11 ноември.
Додека делегацијата преговараше во Обединетите Арапски Емирати, Зеленски беше во Данска. Во Копенхаген разговараше со нордиските лидери за воена помош, противвоздушна одбрана и заштита на украинската енергетска инфраструктура.












