СВР Тетово поднесе кривична пријава против лице од Порој, тетовско, кое измамило со молерски услуги и земало пари како капар, но не ги извршило договорените работи на куќа.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(39) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на август 2026 година, пријавениот се договорил усно со едно лице да изврши молерски работи на неговата куќа, при што му бил даден капар од 2.500 евра, но не ги извршил договорените работи.








