Тешко повредена малолетничка: Ја удрил електричен тротинет

Макфакс

10/11/2026

13:20

285

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, 17-годишна малолетничка од Косово била тешко повредена откако ја удрил електричен тротинет кој го напуштил местото на несреќата. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Вчера во 11:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, електричен тротинет удрил во 17-годишна малолетничка од Косово и го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Ургентен центар Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.